Борусија Дортмунд со 3:2 славеа кај Хофенајм. Халанд, Ројс и Раум (авто-гол), погодија за „Милионерите“. Головите за Хофенхајм ги постигнаа Крамариќ и Рутер.
Халанд постигна еден гол, меѓутоа од таборот на „милионерите“ го вклучија алармот откако им се повреди Ерлинг Халанд.
Норвежанецот мораше да биде заменет во 63. минута од средбата, и видно со гримаса на лицето. Станува збор за адукторот, повреда која Халанд веќе ја имаше и поради која паузираше извесен период.
Кон крајот на средбата поради повреда излезе и Аканџи, па така од таборот на Борусија Дортмунд треба да стравуваат дека ќе останат без двајца клучни играчи.