Лондон без „Убер“: Компанијата за превоз не доби нова работна лиценца

Превозничката компанија „Убер“ не доби нова лиценца за работа во Лондон, објави регулаторот за превоз Transport for London (TfL), а пренесе Би-би-си. Регулаторот смета дека апликацијата за превоз, која функционира како приватно такси, не е соодветен и валиден модел за лиценца, и покрај тоа што направила голем број позитивни промени во Лондон.

„Убер“ ја изгуби лиценцата во Лондон поради безбедносни проблеми во 2017 година, но подоцна му беше продолжена за уште 15 месеци. Компанијата најави дека ќе поднесе жалба на решението и дека има право да продолжи да работи во текот на постапката по истата.

Треба да знаете
Последни објави