Австриската СПО мета на хакерски напад

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), по Народната партија на Себастијан Курц, сега е мета на хакерски напад.
Истрагата, која е спроведена минатата недела, покажа дека се хакирани 34 мејла на членови на виенскиот одбор на СПО.
Следната година во Виена ќе се одржат покраински и општински избори, така што овој хакерски напад врз владејачката партија во тој град се смета за многу непожелен за раководството на партијата.
– Формиравме експертска група која ќе ги испита околностите на нападот, како и штетата што е направена, соопшти СПО.
Исто така, се истражува дали биле хакирани и налозите на членовите на виенските власти, вклучително и на градоначалникот Михаел Лудвиг.
За време на кампањата пред предвремените парламентарни избори во Австрија, ОВП беше жртва на кибер напад.

Треба да знаете
Последни објави