Берлускони пуштен од болница, откако падна во Загреб

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, денеска ја напушти болницата во Милано, каде што беше примен, бидејќи падна на конгресот на Европската народна партија во Загреб.
Синот на Берлускони рече дека татко му се чувствува добро.
Италијанската агенција „Анса“ потсетува дека Берлускони (83) падна во петокот во Загреб по што добил неколку модринки.
Тој бил примен во болницата „Мадона“ во Милано, каде што лекарите го проверувале за евентуални фрактури.
Берлускони во последно време има здравствени проблеми.
Тој имаше операција на срцето во 2016 година и беше опериран двапати годинава, првин поради кила на ципите, а вториот пат поради опструкција на цревата.

Треба да знаете
Последни објави