Променливо облачно време со локален дожд

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со магла или ниска облачност, а на крајниот југ сè уште со слаб локален дожд, информира УХМР.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 14 степени.

Треба да знаете
Последни објави