Хабиб Нурмагомедов, светскиот УФЦ првак, и официјално на 18 април следната година ќе влезе во рингот и ќе го брани тронот. Негов ривал ќе му биде Тони Фергусон, а борбата ќе се одржи во Бруклин (Њујорк). Ова го потврди на својот твитер профил неговиот менаџер Али Абделазиз.
Ова значи дека Русинот по неколку месеци пауза повторно ќе влез во битка. Интересно е да се каже дека досега Хабиб и Фергусон дури четири пати закажуваа и потоа ја откажуваа борбата. Но сега се е готово, на 18 април ќе има спектакл во УФЦ во изведба на Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.
Русинот, односно Дагестанецот има скор од 28 победи во исто толку мечеви, додека Тони пак има скор од 25 победи на 28 меча.