Заев: Подготвени сме да ја пружиме сета неопходна помош за Албанија

Премиерот, Зоран Заев, на „Фејсбук“ порача дека македонските власти и јавноста со загриженост ги следат вестите за големиот земјотрес во Албанија.

„Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите и се надеваме на брзо закрепнување од последиците“, се наведува во објавата на Заев.

Премиеот исто така напиша дека од утрово службите се во комуникација со институциите на Албанија и се подготвени да ја пружат сета неопходна помош и поддршка.

Треба да знаете
Последни објави