Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските и американските официјални лица ќе работат заедно до април следната година за решавање на спорот меѓу двете држави околу турската набавка на рускиот систем за одбрана С-400.
Одговарајќи на новинарско прашање како ќе биде решен проблемот, тој рече дека е во тек процес кој ќе биде решен до април, пренесува „Ројтерс“.
„Нашите министри за одбрана и за надворешни работи ќе ги спроведат овие напори. Треба да видиме каде ќе да стигнеме со овие напори“, рече Ердоган по враќањето од Катар.