Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави денеска дека НАТО е жив, откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека безбедносниот сојуз претрпел мозочна смрт.
Како што рече Мас, оправдано може да се каже дека НАТО е жив, пренесува „Ројтерс“.
Мас додаде и дека НАТО останува клучен за безбедноста во иднина и дека мора да се развива понатаму.