(Видео) Близнаци родени 20 минути по силниот земјотрес во Албанија

Додека албанските граѓани се шокирани од серијата земјотреси што ја погодија земјата утрово, од кои некои беа разорни, гинекологот Аника Докле објави дека близнаците се родени 20 минути по земјотресот.

„Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилното одделение. Овие близначки се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобриот симбол за континуитетот на животот. Немам зборови!“, напиша Докле на својот фејсбук-профил без да прецизира во кој град се родени близнаците.

Треба да знаете
Последни објави