Режисерот Егон Савин, по 20 години, повторно работи во нашата држава – овој пат во Театар Комедија.
На сцената на Театар Комедија веќе се во тек пробите за претставата „Човек, ѕвер и доблест“ по текстот на Л. Пирандело, а под палката на бардот на режијата – Егон Савин. За костимите е задолжена Елена Дончева, а сценографијата е на Весна Поповиќ.
Премиерата е закажана на 23 декември. Во оваа последна премиера за годинава играат: Атанас Атанасовски, Сашка Димитровска, Сашо Ристовски, Жарко Димоски, Тони Денковски, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска и Жаклина Стевковска.
Билетите за претпремиерата, премиерата и за првата реприза се пуштени во продажба.