Кина официјално ја основаше бродоградбената компанија China Shipbuilding Group, која државната радио-телевизија China Central Television (CCTV) ја прогласи за најголема во светот.
Основањето на компанијата се базира на обединување на две водечки кинески бродоградилишта, China State Shipbuilding Corp. и China Shipbuilding Industry Co, според „Ројтерс“.
China Shipbuilding Group се состои од 147 истражувачки институти, деловни оддели и компании кои имаат акции на берзата. Има средства во вредност од вкупно 790 милијарди јуани (112 милијарди американски долари) и вработува 310.000 работници, според CCTV.
Главните кинески конкуренти во бродоградба се Јужна Кореја и Јапонија.