Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”
согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 30.10.2019 година донесе:
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” во 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:
– проф. д-р Агим Пољоска; албанолог
2. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
– Димитар Башевски; писател
– Весна Ѓиновска Илкова; оперски пеач
– Виолета Томовска; естраден уметник
3. Во областа на здравството наградата му се доделува на:
– проф. д-р Дејан Докиќ; пулмолог – алерголог
4. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во ,,Службен весник на РСМ” . Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2019 година (недела) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.