Националното знаме на Албанија во институциите на претседателот на Републиката беше спуштено на половина копје во чест на жртвите од денешниот земјотрес што ја погоди земјата, јавуваат албанските медиуми.
Албанскиот претседател, Илир Мета објави видео во кое знамето е спуштено на половина копјe.
Покрај видеото тој напиша порака: „Во чест на животите изгубени во оваа голема катастрофа за нашата земја“.