Шампионот во Лигата на шампионите, Ливерпул има најмногу номинирани играчи за идеалниот состав на УЕФА. Од европската централа објавија список со 50 играчи, од кои секој може да избира. 10 од нив се од тимот на Јирген Клоп. На второ место со 7 фудбалери е Манчестер Сити, Ајакс е со 6, Барселона со 5. Финалистот Тотенхем и Челзи имаат по 4.
Секој може да избере совршен состав со најпосакувана шема. Најдобрите 11 ќе бидат утврдени врз основа на селекцијата на навивачите.
Наградените ќе бидат официјално објавени следниот понеделник (2 декември) на церемонијата за доделување на „Златна топка”.