Тренерскиот штаб на Манчестер Јунајтед очекува норвешката сензација Ерлинг Халанд да пристигне на „Олд Трафорд” во зима.
Халанд ги импресионира сите експерти во Европа, постигнувајќи 23 гола на неговите 19 натпревари оваа сезона. Напаѓачот веќе го привлече интересот на сите големи клубови во Европа, вклучувајќи ги Барселона, Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Според англиското издание „Атлетик”, чувството кај „црвените ѓаволи” е дека талентот ќе го избере гигантот од Манчестер како следна станица во својата кариера.
Сепак, постои и потенцијална бариера за договорот. Агент на Холанѓанецот е Мино Рајола, кој има заладени односи со газдите на Јунајтед, што може да доведе до пропаѓање на овој трансфер.