Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. И кога некое право што е заштитено со закон е повредено, мора да има кривична одговорност.
Целта на казнувањето според сите конвенции за човекови права мора да биде хумана и рехабилитативна, без да се занемарува нејзината социјална цел. Оваа цел исчезнува во казнениот систем на Северна Македонија, претворајќи се во единствена цел на одмазда против сторителот.Значи, целта на лицето што се лиши од слобода е да се реедуцира, да се ресоцијализира, и да стане корисен за семејството и околината и кога ќе биде ослободен, да биде поодговорен за неговите идни активности.
Спротивното на сето ова се случува во нашите затвори! Наместо да бидат реедуцирани, тие се соочуваат со мизерни услови, наместо да се ресоцијализираат, тие се соочуваат со болести, и наместо да бидат ослободени, тие завршуваат мртви!
Поминаа два дена од смртта на 22-годишникот во затворот на Куманово, и сеуште немаме добиено ниту еден јавен одговор за случајот. Поради оваа причина, Алијансата за Албанците одлучи повторно да бара кривична одговорност за овој случај и не само. Има стотици случаи во кои затворениците во затворите на РСМ завршуваат со смрт.
Алијансата за Албанците бара кривична одговорност за сите случаи на малтретирање и сериозно кршење на правата на затворениците!
Апелираме до секој надлежен орган, како што е Народниот Правобранител, да реагира и да покрене постапка за прекршок, затоа што Л.М. 22-годишникот од Куманово побарал лекарска помош два дена пред неговата смрт, помош што никогаш не ми била обезбедена!
Алијансата за Албанците бара оставка од министерката за правда Рената Дескоска моралната одговорност што треба да ја сноси за смртта на 22 годишникот во Куманово и за необезбедување на основните права на затворениците!
Алијансата за Албанците бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за не обезбедување на здравственото право на затворениците!
Алијансата за Албанците бара одговорност и од министерот за образование, Арбер Адеми, за необезбедување услови за реедукација на затворениците!
Треба да се напомене дека ниту еден затвореник не може да биде задржан во затвор без да се потврди неговото / нејзиното целосно здравје, секој затвореник има право да се лекува надвор од затворската ќелија, секој затвореник има право да го продолжи животот во нормални услови кои не го загрозуваат нивното здравје, секој затвореник неспорно треба да има право на здравство како и сите ние надвор од затворот, секој затвореник има право на образование, секој затвореник има право да живее !!
Алијансата за Албанците бара не само морална, туку и кривична одговорност од сите одговорни лица за безбедноста на затворениците и условите во кои ја издржуваат казната.
Иако смртната казна не е предвидена во македонскиот кривичен законик, за жал, затворениците се осудени да умрат без оглед на кривичното дело, затоа што се убиени од мизерните услови и оваа влада што не прави ништо за нив! Никогаш не смее да се заборави дека тие се луѓе пред да бидат затвореници!