Поради сериозен дефект во системите за греење, пливачкиот базен нема да биде отворен за користење од денеска – ова е пораката до граѓаните и пливачките клубови која стои на влезот од врата на базенот Карпош во Скопје.
Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ вели дека енергетската криза не е причина за затворање на базенот туку дефект на системот за греење, за кого што се чека дел од Турција и уверува дека истиот ќе биде ставен во функција за две недели. Ист ваков проблем имале и пред 4 месеци и се сомневаат дека е предизвикано од прекини во електричното напојување.
Директорот тврди дека базенот не го затвориле поради високите сметки за струја кои вели им се четирикратно зголемени.