Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јадранскиот брег на 22 километри од албанскиот град Драч, јавуваат агенциите.
Земјотресот бил регистриран во 18:19 часот на длабочина од околу пет километри.Ова е еден од појаките земјотреси што ја зафатија Албанија по страотниот потрес кој се случи изутрината во 4 часот и во кој има повредени и жртви.