Неколку илјади германски земјоделци протестираа во Берлин, а некои дојдоа со трактори на собирот поради најава за план за намалена употреба на пестициди и хемиско ѓубриво во рамки на еколошки мерки.
„На германските земјоделци им е потребна заштита, како и перспектива за иднината, а не прекумерни прописи и забрани“, е ставот на синдикатот на земјоделци на Германија.
Тие бараат повторно да се разгледа планот со кој се предвидува забрана за употреба на глифосфати до 2023 година. До 2021 година предвидена е и забрана за хербициди и инсектициди во „еколошко загрозени“ зони.