Во Албанија за 48 часа регистрирани 310 земјотреси

Во Албанија сè уште се трага по исчезнати луѓе по серијата од силни земјотреси, кои започнаа вчера во раните утрински часови со најсилниот со интензитет од 6,4 степени по Рихтер.

Според најновите податоци, досега се евидентирани најмалку 29 загинати. Повеќе од 650 лица се повредени, а бројот на загинати се очекува да порасне.

Според Агенцијата за цивилна заштита, во изминатите 48 часа Албанија била погодена од дури 310 земјотреси, пренесе хрватски „Индекс“.

Силен земјотрес утрово ја погоди и Грција.

Епицентарот на земјотресот бил кај островот Крит со јачина од 6,1 степен според Рихтер, соопшти EMSC, а бил почувствуван и во Атина.

Треба да знаете
Последни објави