95-годишниот Дик ван Дајк ја сподели својата импресивна рутина за вежбање во интервју за „Си-би-ес“во четвртокот.
Холивудска легенда откри дека сè уште танцува и пее додека на телевизија го покажа својот фитнес-режим, кој вклучува стомачни и кревање нозе.
Тој за Си-би-ес изјави: „Јас имам 95 години и многу од моите пријатели нема да ги направат овие вежби.“
„Сите вие стари таму – слушајте ме, јас ви велам. Јас сè уште танцувам! И пеам.“
Ѕвездата на „Мери Попинс“ призна дека едвај чека да наполни 100 години и дека сака да се врати на сцената.
„Сакав да настапувам, но не знаев колку многу сè до оваа година. Сега би сторил сè повторно да се качам на сцената.“