Џулија Робертс го избрка сопругот по 17 години брак

Холивудската ѕвезда Џулија Робертс (52), според пишувањето на странските медиуми, се разведува од својот 50-годишен сопруг Даниел Модер.

Близок пријател на двојката за National Enquirer изјавил дека сопружниците се на раб на развод што би можел да ги чини 200 милиони американски долари, поради кавгата што избувнала за време на прославата, а причината е  неговиот  недоволен труд околу организирањето на забавата.

„Џулија очекуваше голема роденденска забава, но Дани целосно не успеа во тој сегмент, така што таа го обвини дека воопшто не му е гајле за неа. Расправијата брзо ескалираше во дерење, кулминирајќи со тоа што Даниел е избркан од нивниот дом”, вели близок пријател на двојката.

Пријателот рекол дека тие веќе неколку години се обидуваат да го спасат 17-годишниот брак, но ништо ефикасно не помогнало. Исто така, тој тврди дека нивната љубов е една од оние што имаат краток рок на траење, пренесува Story.hr.

Треба да знаете
Последни објави