Бред Пит ја запозна својата девојка со родителите

Холивудскиот заводник Бред Пит беше виден пред неколку дена на изложба во уметничка галерија во придружба на неговата колешка Алија Шокат (30).

Секако, веднаш потоа  започнаа озборувања за нивната љубовна врска.

https://www.instagram.com/p/B5GBwCXjD7U/

По овие тврдења, беше објаснето дека двајцата биле само пријатели, но списанието Woman’s Day пишува дека згодниот актер ја запознал пријателката со своите родители.

„Родителите на Бред се многу конзервативни луѓе, така што тој многу ризикуваше со овој потег. Поточно, тој во нивната куќа донесе девојка за која не знаеја ништо, но многу им се допадна. Алија е фина, смирена, цврсто стои на земјата и воопшто не е импресионирана од славата на Бред. Токму таква жена му е потребна по катастрофалниот брачен бродолом“, изјави извор за „Стори.хр“.

https://www.instagram.com/p/B49Ay1Bg6Ga/

Бред и Алија беа видени заедно на изложба во галеријата „Вилинг Кран“ во Лос Анџелес, а тоа беше објавено на „Инстаграм“ со фотографии од него и оваа убава девојка.

Треба да знаете
Последни објави