Во Нов Зеланд отворена банка за сперма од луѓе заразени со ХИВ

Во Нов Зелан е отворена првата банка за сперма од ХИВ позитивни донатори. Банката е создадена за да се подигне свеста за самата болест и колку е истата навистина заразна.

Сперма во банката веќе донирале тројца ХИВ позитивни мажи, кои во својата крв имаат толку ниско ниво од вирусот, што не можат да го пренесат преку сексуален однос или со породување.

Банката „Сперм позитив“ е основана од три добротворни организации во пресрет на Светскиот ден за борба против сида, кој се одбележува на 1 декември.

Организациите „Body Positive“, „New Zealand Aids Foundation“ и „Positive Women Inc“ се надеваат дека преку овој проект ќе можат да ја едуцираат јавноста за преносот на ХИВ и да ја намалат стигмата околу оние кои се заразени со вирусот, јавува Би-би-си.

Еден од трите споменати донатори, Демијан Рул-Нил, за радиопрограма во Нов Зеланд изјавил дека бил малтретиран од работодавецот, откако открил дека е ХИВ позитивен, па на крајот решил да си даде отказ.

„Денешната современа наука гарантира дека со употреба на лекови, оваа болест не може да се пренесе. Многу мои пријателки со ХИВ одлучија да имаат деца“, објаснил тој.

Треба да знаете
Последни објави