Крстајиќ би можел да го наследи Просинечки на клупата на БиХ

Откако на Роберт Просинечки му беше раскинат  договорот, фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во плејофот за место на Европското првенство би можел да ја води поранешниот српскиот селектор Младен Крстајиќ.

Босанците во плејофот играат со Северна Ирска, а ако победат, би се сретнале подобриот од дуелот на Словачка и Република Ирска.

Како главни наследници на Просинечки се спомнуваат Крстајиќ (актуелен претседател на Радник од Бјелина, и добро котира кај некои членови на управниот одбор на Федерацијата на БиХ), Винко Мариновиќ кој имаше успех со младите, и Сафет Сушиќ кој ги однесе на СП 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави