(Видео) Почина српскиот рапер Бане 187

Некогашниот рапер и член на групата 187, Бане Ковачевиќ, познат како Бане 187, почина ноќеска, по операција на срцето, објави Б92.

За неговиот приватен живот се знае многу малку. Сè додека во август годинава не објави фотографија од пред Клиничкиот центар, јавноста не знаеше дека славниот рапер боледува од тешка болест. Тој напиша: „Борбата заврши, излегов како победник“.

Групата 187 беше позната по хитовите „Никад нечеш знати“, „Сликај“, „Једна од многих других“, а престана со настапи пред 15 години.

Треба да знаете
Последни објави