Еден загинат и 11 повредени при бомбашки напад во колеџ на Филипини

Еден полицаец загина, а 11 лица, поголемиот број студенти се повредени откако 65-годишѓен маж активирал бомба во колеџот во градот Инитао, што се наоѓа на 771 километри јужно од Манила.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, во инцидентот убиен е и напаѓачот од страна на полицијата.

Напаѓачот, кога пристигнала полицијата ја активирал бомбата и ја фрлил кон полицајците, при што еден од нив загина, а друг беше повреден од експлозијата.

Се уште не се познати мотивите за нападот.

Треба да знаете
Последни објави