На 27.11.2019 во 10.30 часот било пријавено дека на сервисна улица од булевар Јане Сандански автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(30) од Скопје удрило во дете.
Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.