Скопјанец на Фејсбук постирал навредливи коментари по земјотресот во Албанија, па добил кривична пријава, информираше МВР.
-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(46) од Скопје. Тој е осомничен за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик, велат од МВР.
Осомничениот на 26.11.2019 на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус, со кој го сторил делото.