Општина Куманово со парична помош за настраданото население од земјотресот во Драч- Република Албанија

Денеска советниците на Советот на општина Куманово на вонредната седница донесоа одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена – хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч – Република Албанија. Од средствата на буџетот на општина за 2019 година, ќе се исплатат парични средства во износ од 300.000 денари. Средставта ќе се искористат за набавка на прехрамбени и санитарно – хигиенски производи кои ќе бидат донирани како хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во збратимената Општина Драч – Република Албанија.

 

Треба да знаете
Последни објави