Албанија сеуште е во шок од силниот земјотрес со катастрофални последици кој ја стресе во вторникот рано наутро. Сочувства за настраданите во земјотресот пристигнуваат од целиот свет. Соседите на Албанија од Западен Балкан се првите кои излегуваат и на терен со конкретна помош да им помогнат на настраданите.
Од соседите Косово издвои најголема помош. Нивната влада издвои 500.000 евра, а испрати помош со луѓе да помогнат околу пронаоѓање на преживеани во урнатините. За лушето кои останаа без кров над главата испратена е и храна, облека и други предмети кои се потребни во овие тешки мигови. Од Македонија владата одвои 100.000 евра, а парични средства издвојуваат и општини и асоцииации од земјава. Во Драч пристигнаа и неколку тимови да се справуваат со катастрофата во пронаоѓање на преживеани. Испратена е и помош во храна, облека, шатори, кревети…