Природната катастрофа која што се случи во Драч и Тумане, во соседна Албанија лично не го одмина ниту семејството на албанскиот премиер Еди Рама.
Албанските медиуми пренесуваат дека меѓу жртвите под урантините во Тумане е и свршеницата на постариот син од премиерот Рама, Грегори. Веста ја потврди и самиот Грегори преку социјалната мрежа Инстаграм.
-Меѓу загинатите од оваа голема природна несреќа е моја блиска личност заедно со нејзиниот брат, мајка и и татко и се пронајдени под урнатините. До сега од под урнатините се извадени само две жртви. Мое сочувство за сите жртви од оваа несреќа, напиша на Инстаграм поголемиот син на премиерот Рама.