Градот Перм ќе биде во улога на домаќин на првиот квалификациски натпревар за пласман на Евробаскетот 2021 година, во која селекцијата на Русија ќе ја пречека македонската репрезентација. Вака гласи одлуката на раководството на Руската кошаркарска федерација за дуелот кој е закажан за 23 февруари, наредната 2020 година.
Во информацијата за медиумите од РФБ велат дека летоска Перм се покажал како одличен организатор на „Купот на мирот”, кој беше дел од подготовките на „зборнаја” за Светскиот Куп, и каде беа совладани селекциите на Кина и на Финска.
– Оттука во руската федерација се надеваат дека Перм и Универзалниот спортски дворец „Молот” (со капацитет од 7.000 седишта) е нивната „добитна комбинација”, и дека нема потреба за промена на „домаќинството” за дуелот со Македонија. „Црвено-жолтите” ќе го започнат квалификацискиот циклус три дена порано, на 20. февруари, со дуелот против репрезентацијата на Естонија. А во тој февруарски „прозорец на ФИБА, не чека и мечот со топ фаворитот во групата „Б”, стои во информацијата објавена на КФСМ.
Инаку 41. по ред Европско првенство во машка конкуренција ќе се одржи во периодот од 17. август до 3. септември, 2021 година во Прага (Чешка), Тбилиси (Грузија), Милано (Италија), Келн/Берлин (Германија).
Во квалификациите учествуваат 32. национални тимови кои треба да поминат три „прозорци” на ФИБА. Освен февруарскиот, во 2020 година на распоредот е оној во ноември, додека квалификациите ќе бидат затворени во февруари, 2021 година.
Покрај македонската и руската селекцијата, во нашата група се уште и селекциите на Естонија и Италија. Првопласираните три селекции во оваа и останатите седум квалификациски групи ќе обезбедат пласман на Евробаскетот 2021.