Пејачката Дуа Липа (24) и пејачката Рита Ора (29) се огласија во јавноста во врска со низата земјотреси што ја погодија Албанија и во кои загинаа најмалку 30 лица, а повредени се повеќе од 700 луѓе.
Тие го објавија знамето на Албанија на социјалните медиуми и испратија пораки на поддршка.
„Многу ме трогнаа вестите од Албанија. Моето срце и молитви се кај Албанците. Ви ја праќам целата моја љубов во овие тешки моменти“, напиша Дуа.
На немилиот настан се надоврза и Рита.
„Моето срце е со сите погодени од земјотресот“, напиша таа.
Родителите на двете пејачки пристигнале во 1990-тите во Велика Британија, откако емигрирале од Косово. Рита Ора дури сними и видео во татковината на нејзините родители и одржа голем концерт за Денот на независноста.