(Видео) Иранскиот режим убивал демонстранти, објавени возенемирувачки снимки

На масовните протести во Иран, поттикнати од намалувањето на субвенциите за гориво, безбедносните сили убиле најмалку 143 демонстранти, според информациите кои од теренот ги собрала организацијата „Амнести Интернешнл“.

Во извештајот се нагласува дека скоро сите смртни случаи се резултат на употреба на огнено оружје и дека вистинскиот број на загинати лица е веројатно многу поголем – околу 350, пишува „Вајс њуз“.

Иранскиот режим, меѓутоа, ја негира оваа бројка и тврди дека загинале само мал број луѓе, вклучително и припадници на безбедносните сили убиени од демонстрантите.

Министерот за внатрешни работи исто така рече дека во протестите, во кои учествувале околу 200 илјади луѓе, запалени биле 731 банка, 140 владини канцеларии, 70 бензински пумпи и нападнати повеќе од 50 бази на безбедносните сили.

https://twitter.com/BabakTaghvaee/status/1198707537165594625

Исто така значајно е тоа што за време на протестите, властите го исклучија пристапот до интернет скоро во целата земја, спречувајќи ги демонстрантите и активистите да објават што се случува во земјата и да известуваат за загинатите и повредените. Блокадата траеше пет дена.

Но, откако протестите беа задушени и минатата недела започна да се враќа интернет врската, од земјата започнаа да пристигнуваат потресни снимки кои ги потврдуваат тврдењата на активистите: Иранската полиција, војската и паравоени сили пукале врз невооружени демонстранти и убиле голем број од нив.

Треба да знаете
Последни објави