СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за проширените лаги и срамна злоупотреба на семејни односи

ВМРО-ДПМНЕ, а особено пратеничката Благица Ласоска, треба да се извини за гнасните конструкции, кои синхронизирано ги шири и надградува преку медиумите блиски до оваа партија, обвини СДСМ.

„Толку е очајно ВМРО-ДПМНЕ, соочена со поразот што го чека, што шири лаги и злоупотребува приватни семејни односи. Пратеникот Костадин Ацевски и неговата сопруга најостро ги демантираа и ги осудија пласираните невистини од ВМРО-ДПМНЕ за наводно семејно насилство во домот на пратеникот.

Тоа е целосна лага, срамна злоупотреба на деца, семејни односи и недоразбирања во дневнополитички цели. Ацевски и неговата сопруга веќе дадоа изјави, во кои потврдуваат дека не се случило никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство.

СДСМ е одговорна партија, против секаков вид насилство и имплементира мерки политики за унапредување на родовата еднаквост и градење на едно општество за сите граѓани, без дискриминација.

Сексизмот, шовинизмот и дискриминацијата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и портпаролот Наум Стоилковски неодамна срамно, неодговорно и недолично, јавно ги омаловажуваше жените, пред сè жените на јавни функции“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави