Македонската Еспорт Федерација ја отвора новата сезона на лиги каде што домашните тимови и играчи поединци ќе можат да бидат дел и да поминат низ овие национални квалификации за да се здобијат со титулата репрезентација на Северна Македонија за 2021 година.
Најдобрите тимови и играчи ќе не претставуваат на претстојното Светско Еспорт Првенство во Ејлат, Израел што исто така традиционално се оддржува секоја година, а е во организација на Меѓународната Еспорт Федерација каде што членува МЕСФ.
Оваа година лигата ќе се состои од четири наслови од кои два од нив се играат на компјутер или Counter Strike: Global Offensive и DOTA2, а другите два наслова ќе се играат на PlayStation 4 конзолата или Pro Evolution Soccer 2021 и Tekken 7. Учество во лигата ќе земат тимовите и играчите кои се официјално регистрирани како членови на МЕСФ.
Предвидените датуми за почеток на истите се:
DОТА 2
- Започнува на 5-6 јуни 2021 година.
CS:GO
- Започнува на 19-20 јуни 2021 година.
PES 2021
- Запончува на 3 јули 2021 година.
Tekken 7
- Започнува на 4 јули 2021 година.
Преносите од лигата ќе можете да ги најдете на официјалниот канал од МЕСФ на Твич, секој викенд од 15:00 часот.



