Владата предводена од СДСМ и коалицијата покажа што значи вистинска грижа за граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше и заткулисно преговараше за промена на името и заборави на проблемите на граѓаните , оваа влада за неполни 2 и пол години транспарентно ги реши суштинските и најголеми прашања, рече претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Пробиштип.
Ангелов потенцираше дека гледа позитивна атмосфера во Пробиштип и граѓани кои се на прав пат.
Затоа без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не, државата продолжува напред, кон НАТО и ЕУ, кон подобар живот, а коалицијата предводена од СДСМ ќе победи на следните избори, заклучи Ангелов.