Сања Вучиќ која оваа година со своите пријателки од “Ураган“ настапи на “Песна на Евровизија“ и предизвика вистинска атракција, деновиве пред своите фанови обелодени дека е голема љубителка на тетоважите. За да не увери во тоа таа слободно се соблече и пред сите се пофали со најновата тетоважа која е еден голем преубав цвет.
–
– Цветот нема некоe особено значење, освен што најмногу од се, сакам да се тетовирам. Слушнав дека и во Македонија има многу тетовирани девојки, а има и неколку врвни тату мајстори кај кои сакам да се тетовирам штом ќе дојдам ова лето во Скопје.
Тогаш ајде, Сања, само повели, нестрпли сме да видиме кај кој тату мајстор ќе одиш. Нека ти го препорачаат твоите пријателки-колешки Тамара и Тијана Дапчевиќ.
Тие се кај вистинскиот-професионалец!
Преземено од Вечер Прес



