Еден човек осомничен за корупција мора да биде гонет се додека не се докаже неговата вина или невиност! Во случајот со поранешниот заменик министер за здравство од редовите на ДУИ, Асим Муса, нема простор за сомневање бидејќи неговото учество во корупцијата е докажано преку видео снимка, како и лично од Асим Муса.
Оваа влада предводена од СДСМ-ДУИ не само што реши да не ги земе во предвид сите овие факти, но г. Муса никогаш не одговори пред надлежните органи за кривично дело како што е примање мито што е казниво според Кривичниот законик на нашата земја!
И самиот премиер Заев, исто така, се обиде да ја сокрие и оправда постапката на Асим Муса преку лажните вести што ги ширише, и како да беше сето ова доволно, ова лице кадар на ДУИ ќе се вработи во Клиниката за Урологија Скопје!
Алијансата за Албанците остро реагира на одлуката, кога истата личност која бара и прима мито, ќе продолжи да ја практикува својата професија за „барање-примање“ мито во Клиниката за Урологија во Скопје.
Алијансата за Албанците неколку пати реагираше и побара овој корумпиран поранешен заменик министер да биде гонет и даде одговорност за злоупотреба на службената позиција!
Граѓаните на Република Северна Македонија имаат право да добиваат медицински услуги од стручни лица чии плати се плаќаат преку даноците што самите граѓаните ги плаќаат, а не од “надуените” цени што ги наплаќаат корумпираните лица во замена за бараните услуги кои законски се должни да ги дадат!
Потсетуваме дека лажната вест што ja даде премиерот Заев на собранието на РСМ за време на расправата за именувањето на новиот заменик министер за здравство, дека медиумската куќа „Top Channel“ му се извини на Асим Муса е невистинита. Такво нешто не само што беше негирано од истата медиумска куќа, која и понатаму продолжи да го сатиризира случајот.
Алијансата за Албанците ќе продолжи да реагира сè додека правдата не го најде своето место!