Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“, сѐ уште е хоспитализиран во градската болница „8-ми Септември“, каде беше однесен на 26. месецов по упат на затворскиот доктор во Шутка. Тој во понеделник ке биде пуштен, а во вторник е веќе на суд.
Од болницата велат дека тој е сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба.
На 3 декември, Јовановски од затворот во Шутка, а Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, од нивните домови, треба да бидат спроведени во Основниот кривичен суд во Скопје на првото рочиште за предметот во кој се обвинети.