Авион во Замбија чудесно слета откако бил погоден од молња

Мал патнички авион во Замбија чудесно успеал да слета без инциденти откако бил погоден од молња и бил лошо удрен од град. Никој не е повреден, но авионот не може да биде поправен, пренесува РТ.

Авионот, кој ѝ припаѓа на локалната авиокомпанија „Профлајт“, носел 41 патник до меѓународниот аеродром „Кенет Каунда“ во главниот град Лусака, кога влетал во бура која му го уништила носот.

Еден патник изјавил за локалните медиуми дека авионот почнал да се спушта на аеродромот кога во него удрила молња и град, по што почнал да паѓа како камен.

Сликите на авионот, откако безбедно слетал, покажуваат неколку дупки на носот. На предниот дел на авионот му недостасува и голем дел од надворешната обвивка. Врвот на конусот на носот се чини дека е целосно уништен. Стаклото во кокпитот исто така е испукано.

Во изјавата, „Профлај“ ги пофали пилотот и екипажот за нивниот професионализам, истакнувајќи дека тие реагирале на кошмарното сценарио на начин на кој биле обучени.

Треба да знаете
Последни објави