Актерката Кети Холмс (40) сака да се покажува во тип-топ издание и секогаш да биде дотерана. Но, и таа има свои недостатоци кои одлучи да ги сподели со своите обожаватели.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија во црн широк костим под кој има само минијатурен топ, така што можеше да се види нејзиниот гол стомак со стрии.
Таа е една од ретките познати дами кои се охрабрија да ги покажат своите недостатоци, за што доби многу позитивни коментари.