Членовите на Кризниот штаб кој беше формиран непосредно по земјотресот во соседна Албанија, ги анализираше активностите кои деновиве беа преземени за ублажување последиците и пружање помош на тамношното население. На состанокот што се одржа во седиштето на општината била разгледана и можноста за брзо превезување на донациите.
– Претседателот на штабот, градоначалникот Арбен Таравари им се заблагодари на останатите членовите за нивната посветеност и одвивање на активностите и им ја пренесе благодарноста на граѓаните на градовите Драч и Тумана и од албанските власти за пружената помош, која му ја изразиле за време на посетата на погодените подрачја, се наведува во соопштението од службата за информирање.
Членовите на Кризниот штаб поднеле детален извештај и го информирале градоначалникот Таравари за предизвиците со кои се соочуваале и успешното справување при собирањето помош на јавни места, обезбедување соодветна документација за транспорт и асистенцијата на јавните комунални претпријатија и противпожарната единица при спроведување на активностите.
Кризниот штаб ќе биде активен сè додека за тоа има потреба, велат од Општина Гостивар.
Пред два дена Советот на Општина Гостивар изгласа одлука за доделување еден ипол милион денари како помош за настраданите во земјотресот во Република Албанија, а беше организирана хуманитарна акција за прибирање материјална помош.