Партиска делегација на СДСМ составена од потпретседателката Мила Царовска и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Дане Талевски денеска оствари средба со генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Финска Антон Ранхолм, кој е и советник во министарството за надворешни работи.
На средбата беа разменети мислења и искуства за социјалдемократските политики, актуелните рефорни и политики, особено за постигнатите резултати во социјалната политика и родовата рамноправност.
Претставниците на СДСМ се заблагодарија за поддршката на нашата евроинтеграција, додека Финска беше претседавач во Европската унија, за поддршката од финската социјалдемократска партија, како и за поддршката на фондацијата Калеви Сорса на институтот Прогрес.
Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива за нашата земја, беше истакнато на средбата, а тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука за започнување на преговори со нашата земја е историска грешка, за што зборува силната поддршка од големото мнозинвсто на земјите членки на ЕУ.
Социјалдемократите во двете земји, како што нагласија, се соочуваат со исти предизвици на радикална десница, национализам, популизам и лажни вести.
На средбата стана збор и за претстојните избори во Северна Македонија и во Финска. Генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Финска, Антон Ранхолм, даде силна поддршка на СДСМ за парламентраните избори.
Со спроведувањето на социјалдемократските политики и решавањето на децениските проблеми, кои ја држеа земјата во изолација нема дилема дека СДСМ оди на победа на изборите и продолжува напред кон европските стандарди, заклучи на денешната средба во Скопје партиската делегација на СДСМ составена од потпретседателката Мила Царовска и секретарот за меѓународна соработка Дане Талевски со генералниот секретар на финските социјалдемократи Антон Ранхолм.