– Фудбалскиот клуб Славија Прага бара извинување од играчот на Интер, Ромелу Лукаку, кој според Чесите, неосновано ги обвинил за расизам.
По победата на Интер на гостувањето кај Славија во средата, Белгиецот Лукаку изјави дека двапати бил мета на расистички навреди и чул расистички извици кои доаѓале од сите трибини на стадионот во Прага, па бараше УЕФА да ја казни Славија.
„Силно негираме дека имало расистички извици на нашиот стадион. Ги гледавме снимките и не најдовме ништо што би можело да ги потврди изјавите на Лукаку. Како што ние се извинивме за постапки на поединци и Лукаку треба да се извини за зборовите кои ги кажа” , објавија од Славија.