Рускиот претседател Владимир Путин толку многу работи што е како печка која се користи за топење метал, изјави денеска неговиот портпарол.
„Претседателот работи како висока печка која е невозможно да згасне, тој работи постојано“, рече Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.
Путин (67) веќе 20 години е премиер или претседател на Руската Федерација.
„Путин буквално нема слободен викенд“, вели Песков.
„И кога може да си дозволи слободен ден, тој е на работа“, додаде портпаролот.