Младиот 20-годишен словенечки кошаркарски бисер кој од натпревар во натпревар ги воодушевува сите љубителите на „кралицата на спортовите“ и тоа со настапите во најсилната НБА лига, Лука Дончиќ ја покажа и својата хумана старна. Дончиќ пред натпреварот на неговиот тим Далас против Лос Анџелес лејкерс предводен од легендарниот Леброн Џејмс што го добија со 114-100, се сретна и со малиот Крис од Словенија.
При оваа средба со Крис кој боледува од ретка болест – спинална мускулна атрофија, Дончиќ му ја предал помошта од 2,2 милиони долари која заедно со останатите Словенци ја собрале за неговото лекување.