Американската скијачка и двократна олимписка шампионка Микаела Шифрин изјави дека се вознемирува кога луѓето се интересираат кога швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе стави крај на кариерата.
-Не мислам дека ќе скијам професионално по 35. година. Сепак, додека ми се допаѓа она што го работам, едноставно немам причина да престанам. Ист е случајот со Федерер. Ме вознемирува што луѓето постојано прашуваат кога ќе ја заврши кариерата. Се чувствува добро, игра добро. Треба само да уживаме во фактот дека тој сè уште е на врвот. Мотивира кога ќе видите како тој ужива во тенисот, истакна Шифрин.
Американката вчера ја забележа втората победа во вториот слалом од новата сезона и вкупно 42. во нејзината кариера.